Русија во јули ги зголеми вложувањата во државните обврзници на САД

Русија во месец јули ги зголеми вложувањата во државните обврзници на САД на 81,7 милијарди долари, објави Министерството за финансии на САД.

Вложувањата на Русија во американските државни обврзници според последните достапни податоци се зголемија за 9,7 милијарди долари, пишува „Взгљад“.

Русија се наоѓа на 16 место меѓу најголемите инвеститори во американскиот долг. На прво место се Кина (1,24 трилиони долари) и Јапонија (1,2 трилиони долари).

Во мај вложувањата пораснаа за 4,1 милијарди долари, во јуни Русија ги зголеми своите вложувања за 1,4 милијарди долари.  

Во јули исто така беше соопштено дека Русија повторно почна да ги зголемува своите вложувањата во хартиите од вредност на владата на САД, иако до тој момент се забележуваше тенденција на намалување на руски вложувања во американските обврзници.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња