Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова смета дека помошникот-државен секретар на САД Викторија Нуланд во текот на средбата со украинските власти „покажала имагинарна нулта-толеранција“ спрема корупцијата и митото и се раководела според двојни стандарди, пренесува РИА „Новости”.
Нуланд минатата недела во Украина изјави дека Киев не смее да има никаква толеранција спрема олигарсите кои не плаќаат даноци.
„Сето тота малку потсетува на лекцијата за лисицата за тоа колку е лошо да крадеш кокошки, меѓутоа, нешто друго изненадува. Штом руските власти покажат „нулта толеранција“ спрема неплаќањето данок, корупцијата и митото на олигарсите, ресорот на Викторија Нуланд брза да го нарече тоа „политичка репресија᾿”, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил.
Таа додаде дека борбата против корупцијата е еден од приоритетите на Русија. Според нејзините зборови, Западот дава „зелено светло за валканите пари од Русија и постсоветските простори“ и издава визи и нуди престој на луѓе кои се наоѓаат на листата на Интерпол. Како што напиша таа, „овие луѓе одлично се чувствуваат во западните главни градови“.
„Се случува интересна приказна: примајќи ги валканите банкноти, Западот бара само едно, а тоа е в текот на преминувањето на границата сопственикот да изјави дека е „жртва на режимот“. И тоа е тоа – ти си цар!“, напиша портпаролката на МНР РФ.
„Викторија, ако вршите дезинсекција на просторот од лебарки, престанете да ги храните на ваша страна“, заклучува Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче