Антируските санкции се потребни со цел претседателот на Русија Владимир Путин да донесе „стратешка одлука“ за Украина, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.
За каква точно одлука станува збор портпаролот не прецизираше, но додаде дека прашањето за укинување на санкциите ќе се дискутира преку призмата на почитувањето на Минската спогодба од страна на Русија, пренесува „Взгљад“.
„Русија може да се судри со засилување на меѓународната изолација, новата политика на санкции ќе биде најавена во иднина, ќе бидат пролонгирани постоечките санкции. Нивната цел е донесување на стратешка одлука од страна на претседателот Путин“, изјави Ернест.
САД сметаат дека меѓународната изолација на Русија расте. Ернест искажа увереност дека тој може да наведе „маса економски показатели“ кои, според неговото мислење, „одат во спротивен правец“ од економскиот раст на САД.
Сепак, тврди Ернест, „тие трошоци засега не доведоа до стратешката одлука која ние би сакале да ја видиме“ од руското раководство.
Москва ги смета заканите за изолација од страна на САД за неосновани, како што во вторникот изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче