Министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабиус изјави дека Париз ќе бара укинување на санкциите против Русија, во случај Минската спогодба да биде успешно реализирана.
„Укинување на санкциите? Да, ние тоа го сакаме. Санкциите се воведени со конкретна цел. Ние се сретнавме во саботата во Берлин во форматот на „Нормандиската четворка“, разгледавме низа прашања, меѓу кои се и многу сложените прашања за воспоставување на режим за прекин на огнот и одржувањето на избори во Донбас. Неопходно е овие збори да се одржат. Средбата беше добра, а сега на 2 октомври ќе биде одржана средба на ниво на претседатели во Париз. Намерата на нас, Французите, е, доколку постигнеме решение за овие прашања, да бараме укинување на санкциите“, изјави Фабиус, а пренесува „RT“.
Тоа беше одговор на апелот на пратеник од француската Репубиканска партија санкциите против Русија да бидат укинати, затоа што се штетни за Франција.
„Санкциите спрема Русија се еден од нашите големи проблеми. Европската солидарност нѐ натера во ќоше. Ние имаме многу компании во Русија, имаме партнери кои ни го вртат грбот и се свртуваат кон Кина. Ние сме во безизлезна ситуација, немаме простор за маневрирање“, изјави пратеникот Мијар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче