„Експерт”: Кому му треба средба на Путин и Обама?

Пред само неколку дена Кремљ и Белата куќа беа толку сигурни дека Путин и Обама нема да се сретнат во рамките на јубилејното заседание на Генералното собрание на ООН во Њујорк, а денес веќе таа сигурност ја нема, пишува порталот „Експерт”.

Пред само неколку дена Кремљ и Белата куќа беа толку сигурни дека Путин и Обама нема да се сретнат во рамките на јубилејното заседание на Генералното собрание на ООН во Њујорк, а денес веќе таа сигурност ја нема,  пишува  порталот „Експерт”.

„Претседателот Путин е секогаш отворен за дијалог, особено со својот американски колега. Руската страна секогаш ќе биде подготвена за разговор“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Неговиот американски колега, портпаролот на Белата куќа Џош Ернест веќе зборува во кои услови Обама ќе му телефонира на Путин: „Кога нашиот тим, и – што е најважно – нашиот претседател ќе решат дека разговор со Путин е во нашите интереси, Обама ќе ја крене слушалката“, објасни Ернест.  

Но, пишува „Експерт“, по таа логика Обама требаше да се јави уште вчера.

„На прв поглед, Русија и САД имаат за што да разговараат, за што да се договараат. Дневниот ред е обемен, но страните не се во состојба дури ни тој ред да го утврдат. Притоа, иницијатори на бојкотот се Американците“.

Што се однесува до Москва, некои руски политиколози тврдат дека страните воопшто немаат за што да се договараат, па нема ни смисла да се состануваат. Невозможно е да се води сериозен дијалог со партнер кому не му веруваш. САД веќе четвртина век прават сѐ што е можно да ја загубат довербата. Некои експерти дури велат дека конфликтот е природна состојба на руско-американските односи.  

„Има вистина во тоа“, продолжува „Експерт“, „но тј конфликт мора да биде во полесен облик без претерување, контролиран и базиран на заемно разбирање каде се црвените линии. Сега постои веројатност конфликтот да стане неконтролиран. Од тоа гледиште средбата на Путин и Обама е неопходен“, резимира „Експерт”. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.