САД: РФ може да се судри со меѓународна изолација доколку продолжи со поддршката за Асад

Кремљ смета дека е недозволиво да им се наметнуваат на Сиријците патишта за развој однадвор, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Русија може да се сретне со меѓународна изолација доколку продолжи да му дава поддршка на претседателот на Сирија Башар Асад, изјави во понеделникот, 14 септември, портпаролот на Белата куќа Џошуа Ернест, пренесува ТАСС.

Одговарајќи на прашање на новинарите што ќе се случи доколку Русија не ѝ се приклучи на меѓународната коалиција предводена од САД, која спроведува антитерористичка операција во Ирак и Сирија и продолжи да го поддржува Асад, тој рече дека тоа „ќе ги изолира од меѓународната заедница уште повеќе“. „Тие би исполнувале задачи кои се спротивни на она што стои пред околу 60 земји, кои во рамките на коалицијата на чело со САД се борат со „Исламската држава“, изјави Ернест.

Истовремено, поред зборовите на Ернест, „интересите на Русија во Сирија не се наоѓаат во целосна спротивност со интересите на станатиот свет“. „Русија е заинтересирана за успех на оваа антитерористичка коалиција. Русија, се разбира, би сакала да види успешна реализација на стратегијата за ликвидирање на ИД“, рече портпаролот на Белата куќа, одново повторувајќи дека „за Асад дојде времето да си замине“.  

Кремљ смета дека е недозволиво да им се наметнуваат на Сиријците патишта за развој на земјата однадвор.  Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков потсети дека претседателот на РФ Владимир Путин има изјавено многупати: „Иднината на Сиријците треба да си ја решаваат самите Сиријци“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.