Федералната антимонополска служба на РФ соопшти дека компанијата „Гугл“ го прекршила законот за конкуренција. Станува збор за доминацијата на „Гугл“ на пазарот на апликации за мобилните оперативни системи „Андроид“. Американската компанија ќе добие налог да го усогласи работењето со прописите и да плати казна која ќе изнесува од 1 до 15 отсто од профитот остварен во текот на претходната година на пазарот на кој ги прекршила прописите, соопшти федералната служба за „Интерфакс“, а пренесува „Росијскаја газета“.
„Во налогот што ќе биде завршен во наредните 10 дена, Федералната антимонополска бара „Гугл“ да не го условува инсталирањето на апликацијата „Гугл Плеј“ (Google Play), поставувајќи има на производителите на мобилните телефони барање на почетниот екран да постават и други сервиси и апликации на „Гугл“. Федералната антимонополска служба смета дека „Гугл“ ја користи заинтересираноста на производителите за поставување на сервисот „Гугл Плеј“ по дефолт за промовирање на други свои сервиси, на пример, за пребарување по интернет“, се наведува во соопштенијата на информативните агенции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче