„Очигледно е дека без активно учество на сириските власти и војската не е можно да се протераат терористите од оваа земја и целиот регион, како ни да се заштити од уништувањето, ропството и варварството мултинационалниот и мултиетнички сириски народ”, изјави претседателот на РФ Владимир Путин на на самитот на Организацијата за колективна безбедност и соработка, пренесува „Взгљад“.
Според неговите зборови, претседателот на Сирија Башар Асад е подготвен да ангажира здравите опозициски сили за управување со државата.
„Неопходно е да се размислува и за политички промени во оваа земја. Знаеме дека Асад е подготвен во тој процес да ги вклучи и здравите сили од опозицијата... Но, во прв план денес дефинитивно избива борбата против тероризмот. Без тоа е невозможно да се решат другите итни и растечки проблеми, вклучувајќи го и проблемот со бегалците“, истакна рускиот претседател.
Тој додаде дека Русија ќе продолжи да ѝ дава воена помош на Сирија за борба против ИД и ја повика целата меѓународна заедница да ѝ се приклучи. „Ние ја поддржуваме владата на Сирија во отпорот спрема агресијата. Ѝ дававме и ќе продолжиме да ѝ ја даваме неопходната воена помош и ги повикуваме другите земји да ни се придружат“, рече Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче