Песков: Меѓународна изолација на Русија нема и не може да има

РФ останува важен и корисен член на меѓународната заедница, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Кремљ е сигурен дека меѓународна изолација на Русија не може да има.

„Што се однесува до изолација на Русија, за жал, таквата реторика ја гледаме и слушаме последнава година. Цената на тие зборови е доволно релативна“, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на неговиот американски колега Џош Ернест дека Русија ќе биде меѓународно изолирана доколку продолжи да го поддржува Асад.  

Претставникот на Кремљ е убеден дека „Русија била, останува и ќе остане одговорен и многу важен, активен член на меѓународната заедница“. Тој додаде дека „активната работа на шефот на руската држава ја покажува целосната неоснованост на таквата реторика“.

Меѓутоа Кремљ не ја исклучува можноста за секаков дијалог со САД за решавање на сириската криза, но засега таков договор нема.

„Секогаш сме повторувале дека не исклучуваме никаков дијалог и сметаме дека дијалогот е неопходен, дека воопшто нема друг начин за разјаснување на позициите на другиот, за обидите да се најде консензус и разбирање“, изјави Песков.  

Сепак, според неговото мислење, „да се дискутира за форматот (на дијалогот), немајќи каков било договор или сигнали, засега е невозможно“. Песков прецизираше дека во текот на можниот дијалог треба да се разгледаат „перспективите за решението, се разбира“. На тој начин портпаролот на Кремљ ја коментираше изјавата на портпаролот на Белата куќа за можноста за дијалог меѓу Москва и Вашингтон.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња