Пентагон за воениот потенцијал на Русија: Нашата предност се стопи

Воздушно-космичките сили на Русија го надоместија заостатокот во техничките потенцијали во однос на Военото воздухопловство на САД, изјави командантот на Военото воздухопловство на САД генерал Френк Горенц.

Воздушно-космичките сили на Русија го елиминираа заостатокот во техничките можности во однос на Военото воздухопловство на САД, изјави командантот на американските ВВС генерал Френк Горенц, пренесува „Взгљад“. 

„Не мислам дека ќе биде спорно ако кажам: тие ја надминаа разликата во потенцијалите“, изјави американскиот командант, коментирајќи ја воената изградба во Русија и модернизацијата на нејзините воено-воздушни сили кои неодамна беа трансформирани во Воздушно-космички сили.

Според зборовите на Горенц, тој ги има предвид како „авионите што тие ги произведуваат, така и способноста да создаваат со помош на системите за ограничување на достапот извонредно добро заштитени“ зони, што кај него лично „предизвикува поголема загриженост“. Истовремено генералот истакна дека ВКС Русија успеале да го зголемат „квантитетот и квалитетот“, пренесува ТАСС.  

Како пример за таквите зони, од чии територии Вооружените сили на РФ можат, меѓу другото, да контролираат дел од воздушниот простор на одделни држави-членки на НАТО, американскиот генерал ги наведе Калининградската област заедно со Крим.  

Според неговото мислење, американското Воено воздухопловство во дадените околности ќе мора да ги прошири подготовките насочени кон добивање пристап до таквите добро заштитени подрачја во случај на потреба. „Потполно е јасно дека ќе мораме да вратиме (на поранешната пракса и да почнеме да ги вежбаме оние работи кои ги правевме во текот на студената војна“, смета генералот Горенц.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.