Амбасадорот на Сирија во Русија: Информациите за руски единици во Сирија се лага

Амбасадорот на Сирија во Москва Риад Хадад изјави дека информациите за руски војници на територијата на оваа земја се лажни.

Амбасадорот на Сирија во Москва Риад Хадад изјави дека информациите за руски војници на територијата на оваа земја се лажни.

„Ние веќе 30-40 години соработуваме со Русија во различни сфери, вклучувајќи ја и воената област. Да, ние добиваме оружје, воена техника, сето тоа се реализира во согласност со спогодбите кои се склучени меѓу нашите држави.... Но тие приказни за присуството на ваша (руска) војска на територијата на Сирија се лага што ја шират западните земји, САД“, изјави тој за ТВ-каналот „Русија 24“, а пренесува „Взгљад”.

Сергеј Лавров изјави дека во Сирија има припадници на руските вооружени сили и дека нивното присуство е зголемено со испораките на вооружување за сириската војска.

Министерството за надворешни работи на Русија исто така соопшти дека руските воени стручњаци не учествуваат во борбите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.