Шојбле: Западот мора да соработува со Русија

Односот на западните земји спрема Русија во моментот на распаѓањето на СССР не може да се нарече „славна страница на историјата“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“

Односот на западните земји спрема Русија во моментот на распаѓањето на СССР  не може да се нарече „славна страница на историјата“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ и додаде дека соработката со Русија е потребна за да се реши цела низа меѓународни проблеми.  

„Кога Русија беше... слаба, Западот не смееше така да се расфрла со својата сила. Посилниот секогаш мора да биде великодушен спрема послабиот. Западот мора да го преиспита своето однесување“, рече министерот, пренесува РИА „Новости“.  

Во исто време, не може да се зборува дека западните земји се виновни за она што Русија го направи во однос на Украина, смета Шојбле.

„Грешките што се направени на Запад не можат да бидат оправдување за руските грешки. Ние мораме да соработуваме со Русија и пример за тоа се преговорите за иранскиот нуклеарен проблем“, рече Шојбле.

„Ги воведовме санкциите, но истовремено ја продолживме соработката. Не можам да кажам колку време треба да помине за Русија да види дека Западот не ѝ се заканува и дека соработката со нас има само предности“, изјави германскиот министер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња