Порошенко ја обвини Русија за нередите пред Врховната Рада

За нередите пред Врховната Рада на Украина што се случија на 31 август е виновна Русија, изјави претседателот на Украина Петро Порошенко.

За нередите пред Врховната Рада на Украина што се случија на 31 август е виновна Русија, изјави претседателот на Украина Петро Порошенко во интервјуто чии извадоци објави британскиот весник „Индепендент“, а пренесува „Лента.ру“.  

Настаните пред Радата, изјави Порошенко, претставуваат напредок во „руската тактика“ кој, според неговите зборови, претставува обид за дестабилизација однатре не на истокот на Украина, туку во Киев. Како што тврди украинскиот претседател, во нередите, паралелно со „непријателски настроените локални олигарси“, учествувале и „проруски елементи“ кои го испровоцирале насилството.

Претходно Порошенко ја префрлаше одговорноста за нередите врз лидерите на политичките сили и олигарсите. „Тие луѓе се подготвени и гранати да фрлаат на Врховната Рада, и цела Украина да ја запалат“, изјавуваше шефот на украинската држава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња