Од 14 септември речиси во 60 конзулати и 350 визни центри на земјите од Шенгенскиот договор почна да важи Визниот информациски систем (ВИС), соопштува РИА „Новости“, а пренесува „RT“. Согласно новите прописи, првиот пат кога барателот ќе аплицира за виза, тој ќе треба да дојде лично во конзулатот или овластениот визен центар за да поднесе барање за шенгенска виза и да даде биометриски податоци. Добиените податоци ќе се чуваат во ВИС пет години. Цената на визата останува иста.
На граѓаните на РФ, чија виза веќе содржи биометриски податоци, при преминувањето на границата ќе им се проверуваат отпечатоците од прстите. Исклучок се децата помлади од 12 години, членовите на официјални делегации и лица за кои е физички невозможно да се изврши таква проверка.
Освен тоа, Русите, како и претходно, ќе можат да добијат виза преку туристичките агенции кои се акредитирани од визните центри на ЕУ. Но, сега ќе мора лично да се дојде за да се дадат отпечатоци од прсти.
Амбасадите на европските земји во РФ уверуваат дека воведувањето на новиот систем нема да значи редици на граничните премини.
„Процесот на земање отпечатоци грчката граница ќе се одвива без потешкотии. Компетентните органи се доволно подготвени и ја имаат неопходната опрема за брзо и ефикасно опслужување на посетителите на Грција“, изјави за РИА „Новости“ генералниот конзул на Грција во Москва Елени Михалопулу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче