Лавров: Европа ќе го реши проблемот со бегалците

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров смета дека Европа ќе го реши проблемот со бегалците.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров смета дека Европа ќе го реши проблемот со бегалците.

“Ние сочувствуваме со нашите европски соседи во врска со проблемот со кој се судрија. Мислам дека ќе го решат и како резултат на тоа ќе се договорат за некакви квоти (во секој случај, веќе пристигаат информации за тоа). Тоа е внатрешна работа на Европската унија“, изјави тој во програмата „Неделно време“ на Првиот канал, пренесува „Интерфакс“.

„Имајќи ги предвид разликите во традициите, животниот стандард и финансиската состојба на земјите-членки на ЕУ, не е едноставно да се даваат совети однадвор“, додаде министерот. „Но, Русија е подготвена да ја одигра својата улога“.

Според неговите зборови, „земјите од Европската унија веќе се обратија до Советот за безбедност на ООН со барање да им се помогне во изработката на резолуција која ќе ги санкционира активностите на воено-поморските сили на ЕУ во Средоземното море за пресретнување на нелегалните конвои со мигранти, кои по шверцерски патишта се обидуваат да се префрлат во Европа“, изјави министерот Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.