ЦИК Русија ќе се обрати до САД во врска со хакерскиот напад врз нејзиниот сајт

Претходно првиот човек на Централната изборна комисија на Русија Владимир Чуров соопшти за хакерски напад врз сајтот на комисијата од страна на компанија од Сан Франциско.

ЦИК Русија ќе се обрати до САД поради хакерскиот напад врз нејзиниот сајт, изјави првиот човек на комисијата Владимир Чуров.

„Оваа недела ќе ги подготвиме документите“, пренесува ТАСС.

Ноќта спрема понеделникот, Чуров изјави за регистриран обид за уривање на сајтот на комисијата.

„Вчера имаше обид да се урне нашиот сајт во 23:23 часот по Московско време и да се заменат неговите податоци со интензитет од 50 илјади барања во минута. Обидот беше неуспешен, напаѓачот е регистриран – некоjа компаниjа сместена во Сан Франциско, САД“, изјави тој.

Чуров истакна дека системот ГАС „Избори“ на денот на изборите работела добро, и засега нема никакви проблеми.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња