Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг не гледа непосредна закана од страна на Русија ни за една од членките на Северноатлантската алијанса, изјави тој за словачкиот весник „Правда“, а пренесува „Лента.ру“.
Според зборовите на Столтенберг, тоа е поврзано со фактот што НАТО им дава сигурна заштита на своите членки и „секој потенцијален агресор знае дека нападот врз една држава е еднаков на напад врз сите“.
„Сѐ додека се чуваат таквите сигурни механизми на задржување, како сега, веројатноста за тоа дека некој ќе изврши напад на земја влегува во НАТО е многу мала“, потенцираше тој.
Генералниот секретар на Алијансата истакна дека улогата на Русија во светот е „многу сложена и комплексна“. Без оглед на разногласијата со Москва по прашањата за присоединувањето на Крим и конфликтот на истокот на Украина, тој додаде дека во НАТО се стремат кон продолжување на конструктивните односи. „Сметам дека нема никаква противречност меѓу зајакнувањето на одбранбената способност и обидите за политички дијалог“, изјави Столтенберг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче