Стејт департмент: САД можат да ги укинат санкциите против Русија по враќањето на Крим на Украина

Помошникот на државниот секретар на САД Викторија Нуланд изјави дека санкциите против Русија ќе важат сѐ додека Вашингтон не реши дека Минската спогодба се реализира и сѐ додека Крим не ѝ биде вратен на Украина.

„Санкциите остануваат сѐ додека Минската спогодба не биде исполнета. Ако биде реализирана, вклучувајќи го враќањето на украинската контрола над својата граница, тогаш ние можеме да ги омекнеме. Но ако Минската спогодба се прекршува, тогаш ќе има повеќе санкции и ние ќе ги повикуваме нашите европски партнери на засилување на санкциите“, изјави Нуланд, а пренесува „Интерфакс“.

Притоа таа додаде дека санкциите можат да бидат укинати во целост единствено по враќањето на украинскиот суверенитет на Крим.

Претходно портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека обвинувањата на адреса на Русија за неисполнување на Минската спогодба се апсурдни, затоа што земјата не е дел од внатрешниот украински конфликт.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња