„Роскосмос“ објави видео од „вселенската прошетка“ на космонаутите Падалка и Корниенко

„Роскосмос“ на својот официјален канал на YouTube покажа видео од излегувањето во отворена вселена на руските космонаути Генадиј Падалка и Михаил Корниенко.

„Роскосмос“ на својот официјален канал на YouTube покажа видео од излегувањето во отворена вселена на руските космонаути Генадиј Падалка и Михаил Корниенко, се вели во соопштението за медиумите на агенцијата кое го пренесува „Лента.ру“.

„Вселенската прошетка“ се случила на 10 август 2015 година. Русите се наоѓале надвор од Меѓународната вселенска станица точно 5 часа и 34 минути. Објавеното видео е снимено со камера GoPro.

Космонаутите во текот на престојот во отворената вселена извршиле фотопроверка на надворешноста на МВС, ги исчистиле прозорциите на модулот „Ѕвезда“ од нечистотии и поставиле нова радиоантена за припојување.  

Исто така, во рамките на експериментот „Ситуација“ космонаутите добиле податоци од опремата монтирана во 2013 година на надворешната површина на МВС. Оваа информација ќе им овозможи да се разбере меѓусебното влијание на станицата со космичката радијација и плазмата.

За Корниенко излегувањето во отворена вселена беше второ, а за Падалка – апсолутниот рекордер по времето поминато во вселената – десетто.  

Падалка вкупно има поминато во отворена вселена надвор од МВС повеќе од 24 часа. Во саботата, 12 септември, космонаутите се вратија на Земјата. Рускиот космонаут вкупно има поминато во Земјината орбита 878 дена.  

Видеото од излегувањето на космонаутите во отворена вселена можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња