Песков: Недозволиво и опасно е да му се наметнуваат решенија на Дамаск однадвор

Кремљ спокојно се однесува кон критиката на претседателот на САД Барак Обама во однос на руската позиција за Сирија.

Кремљ спокојно се однесува кон критиката на претседателот на САД Барак Обама во однос на руската позиција за Сирија и како и секогаш, смета дека е недозволиво и опасно да му се наметнуваат решенија на сирискиот народ однадвор, пренесува „Интерфакс“.

„Континуираната критика спрема РФ за сириските работи е апсолутно тема која не е нова, таа критика се слушаше и порано“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на Обама кој ја критикуваше позицијата на Русија во однос на сирискиот лидер Асад.

Песков потсети на зборовите на претседателот на Русија Владимир Путин, а исто така се повика и на изјавата на генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун кој изјави дека иднината на Сирија и Сиријците треба да ја решаваат граѓаните на таа земја.

„Тоа, веројатно, е основниот постулат, основната почетна точка од која Москва поаѓа. А наметнувањето некакви решенија на сирискиот народ однадвор го сметаме за недозволиво и опасно“, изјави портпаролот Песков.  

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека испратило хуманитарна пратка за Сирија во саботата, 12 септември.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.