Лавров: „Нормандиската четворка“ треба да ги надмине разликите околу Украина

Неопходните прашања треба да се решат до сoстанокот на 2 октомври, изјави министерот за надворешни рабори на РФ Сергеј Лавров.

Шефовите на дипломатиите на земјите од „Нормандиската четворка“ ес единствени во ставот дека треба да се надминат разликите околу одржувањето на локалните избори во Украина и се убедени дека ова прашање може да се реши до „Нормандискиот“ самит на втори октомври, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров, а пренесува „Интерфакс“.

„Заинтересирани сме тие различни толкувања во однос на Минската спогодба, кои се појавија во текот на работата на групата за политички прашања и кои се однесуваа на модалноста на спроведување на локалните избори на териториите на самопрогласените Донецка и Луганска народна република, тие различни толкувања да се надминат“; изјави шефот на МНР РФ по преговорите на министрите за надворешни работи од „Нормандиската четворка“.  

Шефот на МНР РФ истакна дека тие разногласија се надминливи.

Договорот за повлекување на вооружувањето со калибар помал од 100 мм е готов речиси 90%, но министерот додаде дека „останува да се усогласат некои детали, но, како и секогаш, во тие детали се крие ѓаволот“.

Лавров истакна дека „тоа предвидува и многу солидна верификација од страна на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ“.

„Се надеваме дека прашањата што остануваат ќе бидат усогласени во текот на најблиската средба на подгрупата за безбедност која ќе се одржи на 15-16 септември во Минск“, заклучи министерот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.