Денес, на 13 септември, во 21 субјект на Руската федерација ќе бидат избрани првите луѓе на регионите. Во единствениот ден за гласање ќе бидат определени новите состави на 11 регионални парламенти и пратеници во 23 административни центри, а исто така ќе се одржат и голем број општински избори.
Гласањето ќе опфати над 51 милион избирачи. На изборите учествуваат 55 партии од регистрираните 78. Ќе бидат доделени над 90 илјади пратенички мандати и над 1300 функции. За учество на изборите се кандидираа околу 207 илјади лица.
Во Северна Осетија-Аланија и Ханта-Мансијскиот автономен округ-Југра, пратениците во регионалните парламенти ќе ги изберат првите луѓе на субјектите на федерацијата од кандидатурите предложено од претседателот на РФ. Во Кабардино-Балкарската Република не се одржуваат директни избори и референдуми на 13 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче