РФ и ЕУ се договорија за условите за зимскиот пакет за испорака на гас за Украина

Русија е подготвена да ѝ даде на Украина попуст, а ЕУ ќе одвои за Украина 500 милиони долари за да може земјата да купи од „Гаспром“ 2 милијарди кубни метри гас, кои сепак не се доволни за неопходните резерви.

Русија и ЕУ се договорија околу условите за зимскиот пакет за испорака на гас за Украина, соопшти министерот за енергетика на РФ Александар Новак преговорите со потпретседателот на Европската комисија Марош  Шефчович, пренесува „Интерфакс“.

Зимскиот пакет ќе важи за целата грејна сезона, односно од 1 октомври до 31 март.

„Се договоривме за условите за соработка, неопходниот обем за складирање резерви на гас во ПСГ на Украина, купувањето на гас за тековни потреби – за оние обврски кои треба да ги преземе врз себе украинската страна. За обемот на финансирање што ќе биде потребно и дека Европската комисија ќе преземе определени обврски за организирање на работата за обезбедување финансирање за купување гас за украинските партнери“, истакна министерот.

Тој потврди дека Русија е подготвена да ѝ даде на Украина попуст на гасот за зимскиот период за формирање на цената на гасот на ниво на соседните земји, како што е Полска.

Милер исто така изјави дека ЕУ може да ѝ додели на Украина 500 милиони долари. „Тоа ќе ѝ даде на Украина можност да складира уште 2 милијарди кубни метри гас. 500 милиони долари јасно ќе отидат за купување гас од „Гаспром“, потенцираше тој, додавајќи дека „сепак тоа не е доволно за да се создаде неопходната резерва во обем од 19 милијарди кубни метри“.

Милер соопшти и дека „Гаспром“ е подготвен да преговара со Украина за транзитот на гас и по 2019 година.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.