Претседателот на Русија Владимир Путин го коментираше предлогот на Русија да ѝ се придружат самопрогласените републики ДНР и ЛНР, пренесува „RT”.
„Ние сме со срцето и душата со Донбас, но за жал, ваквите прашања не се решаваат на улица. Тоа е сериозно прашање кое се однесува на судбината на цела Русија и на луѓето кои живеат во Донбас“, рече Путин. Тој исто така одговори на повикот на еден турист на Јалта. со кого рускиот претседател се сретна во текот на прошетката со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, Донбас да се спои со Русија.
Коментирајќи ја ситуацијата на истокот на Украина, Путин истакна дека не постои алтернатива на Минската спогодба, но дека е можно да се разгледа одложувањето на примената на спогодбата.
„Што се однесува до имплементацијата на Минската спогодба, според мое мислење, алтернатива не постои. Најважно што треба да се направи е да се воспостави директен контакт меѓу киевските власти и властите на Донецката Народна Република и Луганската Народна Република за да се реализира Минската спогодба“, истакна Путин.
„И амандманот на Уставот, и законот за локални избори мораат да бидат усвоени со согласност на Донбас. Таквото усогласување не се спроведува. Тоа е клучниот проблем“, рече претседателот на РФ.
Тој додаде дека би требало да се усвои закон за амнестија. „Како да се води дијалог со луѓе кои се под истрага? Тоа е неопходно конечно да се применува законот за специјалниот статус на овие територии кој Радата претходно го усвои. Тоа се клучните елементи на политичкиот договор“, заклучи Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче