Бан Ки Мун: Невозможно е Русија да биде исклучена од Советот за безбедност на ООН

Русија како една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН технички не може да биде исклучена од неговиот состав, изјави Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.

Идејата за исклучување на Русија од состав на Советот за Безбедност на ООН е технички невозможна за реализација, изјави Генералниот секретар  на ООН Бан Ки Мун, пренесува „RT“.

Работата е во тоа што Русија е една од петте постојани членки на СБ и притоа „секоја идеја или резолуција бара одобрение од сите пет постојани членки на Советот“, истакна тој. Ова, како што соопштува ТАСС, Бак Ки Мун го изјавил во интервјуто за емисијата „Вести во сабота“ на водителот Сергеј Бриљов.

Според зборовите на Генералниот секретар на ООН, тој нема слушнато за апелите на Киев и Варшава за исклучување на РФ од Советот за безбедност.

„Знам само за зголемениот број гласови меѓу членките на ООН кои повикуваат на реформирање на Советот за безбедност“, истакна Бан Ки Мун. „Станува збор за тоа дека Советот треба да стане поотворен, подемократски и попретставителен. Ова тема реално се дискутира“.  

„Русија е една од постојаните членки на Советот за безбедност. Дури не би сакал ни да коментирам прашања за кои не сум потполно информиран“, додаде Генералниот секретар.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња