Захарова со коментар на изјавата на Порошенко за „зелените човечиња“ во Сирија

Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова истакна дека Русија никогаш не криела дека има свои воени стручњаци во Сирија во рамките на воено-техничката соработка со владата во Дамаск.

Според зборовите на Захарова, „чудно е како до ден-денес г-н Порошенко не се вознемирил од „зелените авиончиња“ на меѓународната коалиција која редовно ја бомбардира територијата на суверена Сирија, без да побара дозвола за тоа од Дамаск“.

Станува збор за изјавата на претседателот на Украина Петро Порошенко кој, настапувајќи на XII форум на меѓународната организација „Јалтинска европска стратегија“ (YES), изјави дека зголемувањето на бројот на бегалци од Блискиот Исток е поради тоа што „руските таканаречени зелени човечиња се истоваруваат со стотици во Сирија“.

Ако меѓународната заедница го призна присуството на терористички организации во Сирија, тогаш во Украина сѐ уште никој не нашол „терористи“ против кои се бори Киев, напиша Захарова на Фејсбук.

Таа исто така потсети дека никој никогаш не го негирал и не го криел присуството на руски воени специјалисти во Сирија.

А сега, „г-н Порошенко се вознемири од воено-техничката соработка која Русија ја реализира со легалната влада на Сирија, а не со таква каква што дојде на власт по вооружениот преврат во Украина“, истакна портпаролот на МНР Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.