САД: Русија има право да гради воена база во близина на Украина

Евентуална изградба на воена база на границата со Украина е суверено право на Русија, изјави началникот на прес-службата на Стејт департментот на САД Џон Кирби.

Евентуална изградба на воена база на границата со Украина е суверено право на Русија, изјави началникот на прес-службата на Стејт департментот на САД Џон Кирби, пренесува „Взгљад“.

„Ги видовме тие информации“, потврди портпаролот на дипломатскиот ресор на САД. „Колку што разбирам, станува збор за база во Русија, доколку се точни тие соопштенија“. Меѓутоа, земјите имаат право да градат (воени објекти од таков вид) во рамките на сопствените граници“.

Кремљ не ја коментира можната изградба на воена база во пограничниот реон со Украина. Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков објасни дека во врска со тоа треба да се праша Министерството за одбрана. „Министерството за одбрана се занимава со прашања од одбраната и националната безбедност на територијата на Руската Федерација онака, како што сака“, изјави тој.  

Тој призна дека не ги знае деталите за тоа какви воени објекти се градат и каде се градат.

Според информациите на некои медиуми, Русија почнува со изградба на воена база на површина од 300 хектари во близина на градот Валујка во Белгородската област, недалеку од границата со Луганската област во Украина. Министерството за одбрана на РФ засега не ја коментираше таквата информација.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.