Настапот на претседателот на РФ Владимир Путин на сесијата на Генералното собрание на ООН во Њујорк е планиран за 28 септември, изјави помошникот на шефот на руската држава Јуриј Ушаков, пренесува ТАСС.
„Претседателот ќе говори утрото на 28 септември, тоа е веќе договорено“, рече Ушаков. Според неговите зборови, во својот говор Путин ќе се осврне на „клучните аспекти на меѓународната агенда, вклучително, се разбира и на прашањата кои се однесуваат на заедничките напори во борбата против тероризмот“.
Во целина, зборувајќи за подготовките околу посетата на рускиот лидер на Генералното собрание на ООН во Њујорк, Ушаков истакна дека руската страна ѝ придава многу голема важност на 70-годишницата на ОН и смета дека е неопходно да се потенцира заинтересираноста на Москва Организацијата „и понатаму да игра улога на координатор за сите прашања од меѓународната агенда и меѓународната безбедност“. „И тие моменти, несомнено, ќе бидат одразени во настапот на нашиот претседател“, заклучи Ушаков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче