Полски медиум: По неколку години Европејците самите ќе сакаат да живеат во Русија

Според сегашната ситуација во Европа, полскиот весник Obserwator Polityczny предвидува дека за Европејците по неколку години единствено Русија ќе остане како територија безбедна за живот

Од почетотокот на годината Европската унија ја заплисна бран од 340000 мигранти. Европскиот комесар за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос изјави дека ЕУ се соочила со најголемата бегалска криза од Втората светска војна.  

Во тие услови, вели полскиот весник Obserwator Polityczny во статијата што ја пренесува RT, предвидува дека за Европејците по неколку години единствено Русија ќе остане како територија безбедна за живот, т.е. „единствената силна и стабилна држава во нестабилно опкружување“.

„Рускиот модел на државно уредување е поефикасен и поотпорен на кризи, затоа Европејците можат само да им завидуваат на Русите, особено во новонастанатите околности кога, да речеме, за Унгарците „мирниот сон“ е нешто што му припаѓа на минатото.

Во статијата се наведени одделни примери за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на ЕУ. Се организираат стражи, затоа што безрбетниците на власт не се мешаат во ситуацијата за да не бидат обвинети за фашизам“. А во помалите германски градови на родителите им е советувано да им забранат на ќерките да носат мини-здолништа и кратки панталони дури и кога е топло – бегалците можат да го протолкуваат тоа како провокација.

Полјаците би можеле повнимателно да го прочитаат рускиот устав и да размислат за приклучување на Русија, пишува Obserwator Polityczny, затоа што лесно може да дојде до тоа други земји да посакаат да го следат примерот на Крим. „Прашање е само што ќе им е на Русите Полска во состав на Русија?“

Ако нема напредок, за пет години ќе биде очигледно дека Русија ќе стане единственото засолниште „по падот на западната цивилизација“, смета весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња