Влегувањето на Црна Гора во НАТО може да биде тежок удар за Русија, пишува Евгениј Крутиков, аналитичар на весникот „Взгљад“. Веќе на 16 септември на дневен ред на Собранието на Црна Гора ќе биде прашањето за можното приклучување кон НАТО-пактот, а веќе во декември земјата може да добие покана за членство.
Руската дипломатија, која многу нешта преспа во балканската проблематика сепак почна да се буди, пишува авторот, алудирајќи на идејата за создавање некој вид „Балканска Швајцарија” – појас од држави кои не припаѓаат на НАТО.
„Тоа не е само некој вид потсетување на „старите добри Титови времиња“, кога Југославија беше лидер на неврзаните земји подеднакво оддалечени од НАТО-пактот и Варшавскиот договор. Предноста на таквата идеологија се независноста и територијалниот интегритет на малите држави, а тоа би им го гарантирала Русија, можеби и НАТО. Тоа е крајно актуелно за Србија, Македонија и Црна Гора, ако се присетиме на прашањето за Голема Албанија“.
Сличен предлог Русија има веќе написмено, потсетува Крутиков.
„Друго прашање е што времето е веќе загубено, а потенцијалот од различни видови „мека сила“ (како, впрочем, и на „тврда“) на Балканот е истрошен. Русија низ историјата многу влијаеше на Балканот и поради тоа можеше долго да ги задржи своите позиции во овој регион. Но САД веќе минатата година се свестија и се насочија кон земјите кои традиционално се блиски со Русија. Тој притисок се поклопи со периодот на „сон“ на московските институции кои се должни да ја следат ситуацијата на Балканот“, заклучува аналитичарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче