Саркози: Нова студена војна со Русија е сериозна грешка

Создавањето услови за нова студена војна со Русија е голема грешка, изјави поранешниот претседател на Франција Никола Саркози.

„Создавањето услови за нова студена војна со Русија е сериозна грешка“, изјави Саркози во интервју за весникот „Фигаро“, а пренесува „Взгљад“ .

„Русија е неопходна за решавање на сириската криза и за борба со „Исламската држава“. Треба да се сврти нов лист во оваа студена војна со Москва, но тоа не значи дека треба да се согласите со сѐ или да го прифатите она што се случува во Донецк“, додаде поранешниот претседател на Франција.

Исто така, според зборовите на Саркози, „Русија треба да покаже желба да ѝ помогне на меѓународната заедница во борбата со „Исламската држава“ и во решавањето на сириската криза“.  

„Русија треба да се врати во Г-8, таа треба да го укине ембаргото за увоз на месо, исто така е неопходно да се активира нов дијалог меѓу Русија и Европа. Тоа е во интерес на дете страни“, додаде Саркози.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња