Руската војска ќе добие 71 илјада комплети од опремата „Ратник“

До крајот на годината руската армија ќе добие 71 илјада комплети од опремата за „воинот на иднината“ „Ратник“.

До крајот на годината руската армија ќе добие 71 илјада комплети од опремата за „воинот на иднината“ „Ратник“.

Опремата го штити војникот од експлозии и шрапнели и се состои од лесно огнено оружје, системи за нишанење и заштита, средства за врска, навигација и ориентација, вкупни 50 елементи. „Ратник“ влезе во сериска употреба во војската од мај 2015 година. Пред сѐ, тој е наменет за снајперисти, стрелци, механичари-возачи на оклопни возила и наведувачи-оператори на десантни борбени возила.

Во моментов се работи на руска воена опрема од трета генерација која, според зборовите на дизајнерите, ќе вклучува и егзоскелет. Масата на „Ратник“ од трета генерација ќе биде намалена за една четвртина. Во сегашно време опремата тежи 28 килограми.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.