Претседателот на Русија Владимир Путин во средата, 9 септември, имаше телефонски разговор со претседателот на Франција Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Украина Петро Порошенко.
„Особено внимание беше посветено на реализацијата на политичките одредби на „Минската спогодба“, пред сѐ на спроведувањето на уставната реформа во Украина, вклучувајќи го законодавното уредување на посебниот статус на регионите во Донбас, како и на организацијата на локалните избори и донесувањето на закон за амнестија. Во врска со тоа В. Путин уште еднаш ја акцентираше неопходноста од најбрзо воспоставување цврст директен дијалог меѓу киевските власти и претставниците на југоистокот“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
На 1 септември во Донбас започна режимот на прекион на огнот за кој страните во конфликтот се договорија на 26 август во Минска во текот на последниот состанок на контакт-групата за решавање на ситуацијата во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче