Зошто Западот самиот не може да се справи со терористите, а на другите не им дава, се прашува аналитичарот на „Комсомолскаја правда”, „Газета.ру” и на нашиот портал, Георгиј Бовт.
Западните медиуми се во паника, пишува тој. „Цел руски корпус војува на страната на сириската армија во Латакија, а што е најлошо – војува со успех! На боиштето е забележано најновото руско оклопно возило БТР-82А, се издаваат команди на руски! „Дејли Телеграф“ некаде забележа дури 1000 руски војници. Белата куќа веќе изрази сериозна загриженост поради руското воено присуство“.
Од сѐ што гледаме, следува дека на Москва ѝ е забрането она што Арапите го можат. „Живееме во време на апсурд. Кога Саудиска Арабија праќа копнени трупи преку граница, кога се заканува дека од главниот град на Јемен нема да остане ни камен на камен – тоа е добро. Турција ги бомбардира позициите на исламистите исклучително на места кои нејзе ѝ одговараат – тоа е добро. Франција е блиску да се согласи да ѝ се придружи на операцијата против „Исламската држава“ – прекрасно. Британија донесува слична одлука во октомври – совршено. Ама тоа што Русија учествува во нападите врз „Исламската држава“ – тоа е многу лошо. Притоа сите одлично сфаќаат дека штом исламистите се пробијат во регионот Латакија, бедемот на кланот Алавити кој владее во Сирија, ќе дојде до вистинска кланица. И ако Русија сега се обидува да го спречи тоа крвопролевање, тоа, се разбира, е кошмар, трагедија. Нема ни најмалку да нѐ зачуди ако наскоро слушнеме приказни дека Русија, а не „Исламската држава”, е виновна за бранот бегалци што ја заплисна Европа. „Руската агресија” ги протерува од огништата, ќе речат гласно на Запад“.
Никој нема да каже фала. „Такво лицемерие, толку фалш ноти, кога се „свири“ за „вмешаноста“ на Русија во Сирија, не чувме ни за Украина. А токму тоа мешање, уште повеќе во соработка со Западот, е единствениот начин да се запре дивеењето на „Исламската држава“, сеењето смрт на нови и нови територии. Па и да се запре бранот бегалци. Односно, јасно е дека фала за помошта во борбата против исламистите никој нема да ѝ каже на Русија. Па што ако, навикнавме. Зашто ние според критериумите на нашите сегашни заколнати пријатели и во Втората светска војна бевме нешто слично на „исто зло како и Хитлер“.
Русија тоа и не го очекува, туку постапува како што ѝ налагаат совеста и сопствените државни интереси, резимира на крајот на својот коментар аналитичарот Георгиј Бовт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче