„Комерсант“: Русија ѝ испорачува на Сирија минофрлачи и оклопни транспортери

Русија продолжува да ѝ пружа воено-техничка помош на Сирија и нејзините воени специјалисти присуствуваат во таа блискоисточна земја, потврдија за „Комерсант“ извори во сферата на воено-техничката соработка со странски држави.

Русија продолжува да ѝ пружа воено-техничка помош на Сирија и нејзините воени специјалисти присуствуваат во таа блискоисточна земја, потврдија за „Комерсант“ извори во сферата на воено-техничката соработка со странски држави.  

Според нивните зборови, во тек е или скоро ќе заврши испораката на  неколку партии лесно пешадиско оружје, минофрлачи, оклопни транспортери БТР-82А, воени камиони „Урал“ и „друго вооружување, неопходно за водење локални борбени дејствија и транспорт на жива сила на сириската армија“.

Соговорниците на изданието тврдат дека испораката се врши „во согласност со меѓународното право, со почитување на сите формалности и во рамките на постојните договори“ меѓу владите на двете земји.

Тие прецизираа дека дел од тие договори се реализираат за пари кои Сирија ги има одвоено како аванс за купувањето на системите за противвоздушна одбрана С-300ПМУ-2, кои „Москва по консултации со властите на Израел одлучи да не ги испорача“.

Според зборовите на изворите, засилувањето на сириската армија со помош на Русија треба значително да ѝ помогне во борбата со терористичката група „Исламска држава“.

Последниве денови меѓу САД и Русија се разгоре дипломатски конфликт поради тоа што Вашингтон остро се спротивстави на помошта за сирискиот претседател Башар Асад од страна на Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.