„За Украина изградбата значи исклучување на Украина од транзитната испорака во Европската унија. Како второ, тоа е загуба од 2 милијарди долари кои ние ги добиваме за испорака на гас во ЕУ“, изјави Јацењук во четвртокот на брифингот по средбата со премиерот на Словачка Роберт Фицо.
„Што значи изградбата на „Северен поток 2“ за ЕУ? Тоа значи дека ЕУ ја губи можноста за директна испорака на гас преку територијата на Украина по најкраткиот пат. Обемот на таквите загуби ќе изнесува 140 милијарди кубни метри гас кои можат да одат преку украинскиот систем за транспорт на гас. Тоа значи дека изградбата на „Северен поток 2“ ќе ги стави во опасност безбедноста и континуираноста на испораката на гас во земјите од Југоисточна Европа“, изјави премиерот на Украина, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче