„Си-Ен-Ен“: Ако Русите не бидат запрени, уште повеќе бегалци ќе се слеат во Европа

Според мислењето на американските власти, военото присуство на Русија во Сирија ќе може да доведе до тоа уште поголем број сириски бегалци да тргнат кон европскиот континент барајќи безбедност, соопштува „Си-Ен-Ен САД“, а пренесува „RT“.

Во Сирија беше забележано движење на оклопен транспортер произведен во Русија, обоен во руски армиски бои. И тоа е само најсвежата индикација за она, од што се плашат САД – зголемување на руското воено присуство за поддршка на сирискиот претседател Башар Асад, соопштува „Си-Ен-Ен САД“, а пренесува „RT“.

Џош Ернест, портпаролот на Белата куќа изјави дека „САД се вознемирени од информациите дека Русија, веројатно, распоредила во Сирија дополнителен воен персонал и авијација. Загриженоста е поврзана токму со прашањето како да се дефинираат нивните намери“.

Американските сателити забележали како три руски авиони „Антонов” доставиле градежен материјал и опрема за управување со воздушенсообраќај, а со уште еден авион пристигнал персонал. И сето тоа се случило неодамна. Според зборовите на службеник во минитерството за одбрана на САД, тие очекуваат дека базата наскоро ќе има преку 1000 војници. И веројатно ќе изведуваат воздушни напади врз бунтовниците против кои се бори Асад.  

„Овие чекори можат да доведат до уште поголем број жртви. Тие можат да доведат до пораст на бројот на бегалци и да го зголемат ризикот за конфронтација со коалицијата која се бори против ИСИС и која е активна сега во Сирија“, вели Ернест. 

Таквата перспектива ги плаши САД, вели „Си-Ен-Ен“. САД се надеваа дека Русија почна да сфаќа дека Асад мора да се повлече. Тоа сепак не се случи и американскиот државен секретар Кери минатиот викенд беше иницијатор на телефонскиот разговор со неговиот руски колега Лавров за да му ја искаже својата загриженост.

„Најпродуктивно што Русија може да направи околу конфликтот во Сирија е да престане да го поддржува Асад“, нагласи Џон Кирби, официјален претставник на Стејт департментот на САД.  

Телевизијата исто така ја пренесува и изјавата на Седрик Лејтон, полковник во пензија на американското воено воздухопловство. „Ако, според нашето мислење, сегашната криза во Европа има многу сериозен карактер, тогаш таа ќе стане десетпати полоша од сегашната. И токму затоа е крајно важно многу брзо да ѝ се стави крај и да не им се дозволи на Русите да почнат реално да дејствуваат во Сирија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња