Руските власти го обвинија Јацењук за убиства на руски војници во Чеченија

Претседателот на Истражниот комитет на Русија Александар Бастрикин во интервју за „Росијскаја газета“ изјави дека премиерот на Украина Арсениј Јацењук во средината на 90-те години од минатиот век се борел во Чеченија против руската војска.

Претседателот на Истражниот комитет на Русија Александар Бастрикин вчера, на 8 септември, во интервју за „Росијскаја газета“ изјави дека премиерот на Украина Арсениј Јацењук во средината на 90-те години од минатиот век се борел на страната на чеченските терористи против руската војска, пренесува „Взгљад“.  

„Истрагата утврди дека тие години во состав на канениот одред „Арго“, а потоа во состав на одредот „Викинг’, на чие чело бил Александар Музичко, против руските војници се борел и Арсениј Јацењук“, изјави Бастрикин. Тој додаде дека Јацењук учествувал барем во два воружени судира и тоа на 31 декември 1994 година на плоштадот Минутка во Грозни и во февруари 1995 година во реонот на градската болница во Грозни, како и во мачења и стрелања на заробеници, припадници на руската војска во Октомврискиот реон во Грозни на 7 јануари 1995 година.

Потпретседателот на владата на Русија Дмитриј Рогозин ја коментираше оваа информација на својата Фејсбук страница: „Бандеровците се никакви борци, но за погубување и мачење на заробеници секогаш биле први“, напиша Рогозин.

На оваа информација реагираше и украинската страна, пренесува ИА „Регнум“. Портпаролот на премиерот на Украина Олга Лапо апелираше „да се спроведе психијатријско вештањење“ над претседателот на Истражниот комитет на Русија.

„Токму Бастрикин заедно со другите психопати цинично ги осуди Надежда Савченко, Олег Сенцов и други украински патриоти. Гебелс и нацистичката пропагандна машинерија можат стоејќи да му аплаудираат на тимот на Путин“, напиша портпаролот на Арсениј Јацењук на својот Фејсбук профил.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека е сѐ уште рано да се коментираат информациите за учеството на украинскиот премиер во воените дејствија во Чеченија во 90-те години. „Засега Истражниот комитет работи и ваквите изјави не се неосновани. Сѐ додека не заврши работата и не се објавио фицијалниот извештај, веројатно, не треба да се даваат никакви коментари“, изјави Песков.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња