Рјабков: Русија ќе продолжи со хуманитарната помош за Сирија по алтернативни маршрути

Заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков не прецизираше преку кои земји ќе летаат руските авиони со хуманитарна помош за Сирија.

Русија ќе продолжи да испорачува хуманитарна помош во Сирија по алтернативни маршрути, заобиколувајќи го воздушниот простор на Грција и Бугарија, изјави за ТАСС заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков на изложбата на оружје Russia Arms Expo - 2015 (RAE-2015), пренесува ТАСС.

„Се разбира дека ќе бидат најдени алтернативни маршрути“, изјави тој, одговарајќи на прашањето како Русија ќе доставува помош во Сирија по затворањето на воздушните коридори на Бугарија и Грција.

Тој не прецизираше преку кои земји ќе летаат руските авиони со хуманитарна помош.

„Жалам што под притисок на Вашингтон и, очигледно, под притисок на Брисел, каде што се наоѓаат седиштата на НАТО и ЕУ, некои земји го избегнуваат она што јас ќе го наречам нивна меѓународна должност, имено обезбедат воздушни коридори за прелети на авиони кои се занимаваат со решавање на хуманитарни задачи“, потенцираше Рјабков.

Според неговите зборови, на целата меѓународна заедница ѝ е познато во каква хуманитарна ситуација се наоѓа Сирија, какви страдања и жртви трпи сирискиот народ. Попречувањето во оваа ситуација на практичните активности за подобрување на ситуацијата, искажувајќи притоа декларативна, вербална „грижа“ е лицемерие, истакна Рјабков.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.