Иран дозволи руски авиони со хуманитарна помош за Сирија да летаат над неговата територија, соопшти амбасадата на Руската Федерација во Иран.
Претходно бугарската влада соопшти дека е подготвена да ѝ го даде на располагање својот воздушен простор за летови за Сирија под услов да го провери составот на товарот што се испорачува, изјави во средата министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов.
„Ако се согласуваат руските колеги овие авиони да се проверуваат на бугарски аеродром, ќе дадеме дозвола за летовите“, ја пренесува изјавата на министерот Митов „Взгљад“.
„Во согласност со одлуката на Советот на Европската унија во 2011 и 2012 година се воведени ограничувања за испорака на одреден вид роба и услуги за режимот на Башар Асад. Оваа одлука мораат да ја почитуваат сите членки на ЕУ. Кога постојат доволно информации кои укажуваат на тоа деа целите на летовите и реалната испорака не се во склад, се појавуваат сомнежи. Поради тоа ние не ги дозволивме овие летови“, изјави Митов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче