Среќно заврши инцидент во Магнитогорск каде исчезнаа две дечиња. Двете момчиња се пронајдени живи и здрави, пренесува newsru.com. Се покажа дека децата побегнале од предучилишната установа, затоа што сакале да купат вистински автомобил за кој, се разбира, немале пари.
Медиумите пренесуват дека дечињата избегале од градинката во текот на вечерната прошетка. Воспитувачката го забележала исчезнувањето на децата дури по половина час. Таа ги известила полицијата, управата и родителите на исчезнатите деца.
Децата ги нашла жена-случаен минувач. Таа ги забележала недалеку од авто-салонот „Јагуар“, кога ги видела како шетаат сами. Децата ѝ рекле дека доаѓаат од градинката за да си купат автомобил, но дека немаат пари. Таа потоа ги однела во најблиската полициска станица.
Се покажало дека децата однапред го планирале бекството и дека неколку дена со лопатчиња копале премин под оградата на градинката. Меѓутоа, воспитувачката не обрнувала внимание на нивната активност.
Родителите на момчињата, среќни што сѐ завршило добро, не поднеле жалба против воспитувачката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче