Шефот на МНР Бугарија Даниел Митов на отворањето на меѓународната конференција „Улогата на НАТО и ЕУ во широкиот црноморски регион“ изјави дека Русија го уништува европскиот систем на безбедност. „Анексијата на Крим и напорите на Русија за дестабилизација кардинално ја сменија ситуацијата за обезбедување на безбедноста во Европа. Тоа дејствие е директно кршење на принципите на европскиот поредок, вклучително на принципите на неповредливоста на границите, почитувањето на суверените права на другите држави, неприменување на сила при решавање на различни конфликти“, соопшти ТАСС, а пренесува „Рамблер.ру“.
„Со таквото поведение руската страна се откажа од пристапот на соработка и постепено зближување кој Европската унија го градеше со децении и кој беше водечки во политиката на ЕУ спрема Русија“, изјави шефот на бугарската дипломатија.
Митов истакна дека ЕУ треба да го промени своето надворешнополитичко однесување и да ја засили реакцијата на заканите на подолгорочен план. „Бугарија ќе биде активен учесник во тој процес“, вети бугарскиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче