Германскиот весник „Билт“ објави ексклузивен материјал кој ги открива тајните на „смоленското злато“, како што се нарекуваат скапоценостите кои исчезнуваат во текот на евакуацијата на Смоленск во Москва летото 1941 година.
Германски инженер, чие име не се наведува, преку свој адвокат соопшти дека со помош на геолошки радар открил каде се наоѓаат камионите со богатството, пренесува „Росијскаја газета“.
Во јули 1941 година од смоленската банка во камиони се упатени сите скапоцености во Москва: златни и сребрени плочи, кованици од скапоцен метал и пари. Кај Соловјово скеле на Днепар врз колоната е отворен оган (многу години подоцна на тие локации луѓето наводно пронаоѓале златни парички). Откако изгубиле надеж дека ќе се пробијат до своите, луѓето кои го придружувале конвојот ги запалиле парите, а скапоценостите ги сокриле некаде кај Вјазма.
Сега се појави германски инженер кој одамна се занимава со тајната на смоленското злато и кој тврди дека ги открил камионите во подземни премини во Вјаземскиот реон на длабочина од 15 до 17 метри. Како што тврди неговиот адвокат, постојат две локации: на едната се скриени пет камиони, а на другата се наоѓа шестиот. Станува збор за сто тони злато, пишува Bild.
Адвокатот соопшти дека во најскоро време неговиот клиент ќе ги презентира доказите за постоењето на богатството.
Според зборовите на директорката на Вјаземскиот историско-регионалниот музеј Олга Сељавина, не постои никаква потврда дека постои скриено богатство од Втората светска војна во овој реон и не може дури ни да се претпостави за какви подземни тунели или рударски окна се работи. Па сепак, легендата навистина постои и со години ја скокотка фантазијата на луѓето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче