Приливот на бегалци во земјите од ЕУ, кој последниве недели е во пораст, е „етно-религиска темпирана бомба“, смета претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков. Според неговите зборови тоа во иднина претставува закана од меѓудржавни и внатрешни поделби за земјите кои ги прифаќаат бегалците, пренесува „Росијскаја газета”.
„Тие се обидуваат да ја надминат и да прикажат дека ја нема, меѓутоа, таа сепак постои“, истакна Пушков.
„Луѓето кои имаат своја култура, свои сфаќања, свои обичаи, свои очекувања, своја неодолива желба да уживаат во благодатите на социјалниот систем во Италија, Франција, Германија и други земји, претставуваат тензија која ќе ги разурне европските општества“, заклучува Пушков. „Притоа таа тензија ќе се зголемува“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче