Руски извидувачки брод во Чукотското море се доближил до бродот Nobel Discoverer кој во тие води престојува по налог на американската филијала на холандско-британската нафтана компанија Royal Dutch Shell, тврди Пентагон.
„Известени сме дека рускиот брод „Курили“ поминал во близина на бродот Nobel Discoverer“, објави весникот „Взгљад”, повикувајќи се на изјавата на портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис.
„Ние го признаваме правото на сите суверени држави на слободна пловидба во меѓународни води“, изјави Дејвис. Како што се наведува, Пентагон соопшти дека „никаква одбранбени средства не беа употребени како возвратна мерка“.
Nobel Discoverer, според информациите на медиумите, во тој реон вршел нафтени истражувања. Извори на „Си-Ен-Ен“ тврдат дека „за присуството на рускиот боен брод во неделата се известени Крабрежната стража на САД, а потоа и Северната команда на вооружените сили на САД“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче