„Имам искушение просто да видам колку пари недостигаат и да препорачам владата да одвои дополнителни средства, дури и слушнав дека некој дури предлага тоа да се прави задолжително“, истакна рускиот министер на средбата со копретседателот на групата експерти, делегирана од генералниот секретар на ООН, за финансирање на хуманитарни операции, потпретседателот на Европската комисија за хуманитарна помош и кризни ситуации Кристалина Георгиева.
„Но таквиот приод механички нема да успее, вие најдобро го разбирате тоа преку примерот со обидот да се реши на сличен начин проблемот со бегалците во ЕУ“, изјави Лавров, а пренесува РИА „Новости“.
„Коректно е земјите што ги поттикнаа конфликтите да носат поголема одговорност за хуманитарната помош“, потенцираше тој.
Пред тоа во вторникот портпаролот на МНР Русија Марија Захарова изјави дека властите на Европската унија повеќепати барале помош за решавање на проблемот со миграцијата од Блискиот Исток.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче