Во Русија официјално регистрирани околу 12 илјади Сиријци

Според информациите на Федералната миграциска служба на РФ, со статус на привремен азил се здобиле две илјади лица, како мигранти се регистрирале 4691 лица, добиле дозвола за привремен престој 2666 лица, добиле дозвола за престој - 2029 лица.

Вкупно околу 12 илјади државјани на Сирија се наоѓаат денес на територијата на РФ, од нив на две илјади им е даден привремен азил во Русија, соопшти во петокот прес-службата на Федералната миграциска служба на Русија, а пренесува РИА „Новости“.

„Вкупно досега на територијата на Руската Федерација се наоѓаат околу 12 илјади државјани на Сирија (тоа е 0,1% од сите странци што се наоѓаа во РФ)“, соопшти институцијата.

ФМС прецизира дека со статус на привремен азил се здобиле две илјади лица, како мигранти се регистрирале 4691 лица, добиле дозвола за привремен престој 2666 лица, добиле дозвола за престој - 2029 лица.

За осумте месеци од тековната година во Русија влегле 7103 Сиријци, а излегле 7162.

Коментирајќи ги обвинувањата на некои експерти од областа на миграцијата дека ФМС го заострила пристапот кон Сиријците, заменик-раководителот на ФМС на Русија Николај Смородин истакна дека „немало никакво заострување на позициите на ФМС Русија за давање азил на граѓани на Сирија во РФ. Азил им се дава на Сиријците со оглед на ситуацијата во нивната земја, за чиј развој МНР Русија постојано ја информира ФМС“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.