Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) ѝ понудила на Русија да влезе во нејзиниот состав, меѓутоа Русија решила да остане како набљудувач, изјави првиот човек на „Роснефт“ Игор Сечин во текот на конференцијата FT Commodities, соопштува ТАСС, а пренесува „Лента.ру“.
Според зборовите на Сечин, таквата одлука била донесена поради низа причини, меѓу кои се и технолошките разлики во методите на добивање нафта, а исто така и поради тоа што рускиот пазар во наведената област е практично во целост приватизиран и руската влада не може директно да управува со него како што тоа се прави во земјите на ОПЕК, пренесува РИА „Новости“.
Сечин истакна дека земјите на Европа остануваат основни потрошувачи на руската нафта, истовремено потенцирајќи дека „растечкиот пазар на Азиско-Тихоокеанскиот регион (АТР) е крајно привлечен“. „Во денешно време, без оглед на мошне големите обеми што се испорачуваат во АТР, во општата структура на нашиот извоз тие не надминуваат 13-15 отсто“, изјави првиот човек на „Роснефт“.
Покрај тоа, според мислењето на Сечин, долгорочната перспектива на нафтената индустрија во светот е поврзана со Русија, Венецуела и Иран. Шефот на „Роснефт“ објасни дека овие земји имаат најголем потенцијал за истражување и експлоатација на нови наоѓалишта. Тој прецизираше дека според меѓународни процени, потенцијалните резерви на нафтата во Русија ги надминуваат резервите на нафта во САД и на Блискиот Исток.
На 4 септември во рамките на Источниот економски форум Сечин искажа мислење дека обемот на годишното производство на нафта во Русија во иднина може да го надмине нивото од 700 милиони тони. Во 2014 година овој показател изнесуваше 526,75 милиони тони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче