Франција ќе предложи укинување на антируските санкции доколку продолжи напредокот во регулирањето на конфликтот во Украина, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
„Минската спогодба треба да биде реализирана до крајот на годината. Треба да се оди до крај, вклучувајќи ги прашањата за одржување на локалните избори, законот за автономија и децентрализација на регионите на истокот на Украина. Ако овој процес биде завршен, ќе преземам мерки за укинување на санкциите“, изјави Оланд на прес-конференцијата во понеделникот, 7 септември, пренесува „Взљад”.
Европскиот комесар за земјоделство Фил Хоган на 26 август изјави дека ако Русија за година дена го продолжи важењето на ембаргото за увоз на земјоделски производи од Европската унија, тоа ќе создаде проблеми за оние членки на ЕУ кои досега не почувствувале сериозни последици од овие мерки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче