Русија никогаш не криела дека на официјалните сириски власти им испорачува воена техника со цел борба против тероризмот, соопшти за РИА „Новости” портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу шефот на дипломатијата на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери.
„Во телефонскиот разговор Кери се распраша кај Лавров како стојат работите околу руската помош за сириската влада за борба против тероризмот“, изјави таа.
Според зборовите на Захарова, „Лавров потврди дека ваква помош е секогаш давана и дека и понатаму се дава и дека руската страна никогаш не криела дека на официјалните сириски власти им испорачува воена техника со цел борба против тероризмот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче